Новости

Најнови информации за производите
октомври 22, 2018

by fortuna

Ви го претставуваме LOCTITE 55. Дизајниран за заптивање на метални и пластични цевки и фитинг. Нема потреба од време на сушење и резултатите се веднаш видливи, со целосен притисок на спојот. Идеален избор за брзо и сигурно осигурување на спојот. Производот е сертифициран и за гас и за вода за пиење според NSF / ANSI, standard 61. Доколку до сега не сте знаеле за овој производ, контактирајте не за презентација и понуда.

 

logo_bs-rollenslogan_image_cmyk-1280x512.jpg
октомври 19, 2018

by fortuna

BS Rollen работи единствено за и со квалитет. Не само за да се каже туку квалитетот е навистина дел од мисијата на компанијата. Ниту еден чекор не смее да се пропушти во работењето што може да го загрози квалитетот на производите или делувањето на било кој начин.

Токму затоа, врвен приоритет се дава на квалитетот. Планирање, употреба на квалитетни суровини и современа технологија како и врвни вештини од страна на вработените се аплицирани во производството како би го направиле најдобриот производ за секој тип на употреба. Не се штеди ниту енергија ниту средства да се вгради а потоа и докаже квалитетот на производите.

Во однос на процесите за делување, BS Rollen е сертифицирана компанија со DIN ISO 9001:2000. Што се однесува до квалитетот на производите, Bielefield Универзитетот за Применети Науки од Германија е институцијата која е технички релевантна да го испитува квалитетот на производите според DIN EN 15227 па се до DIN EN 15233. Овој Универзитет исто така ги спроведува и тестирањата во согласност со DIN EN 1004 и DIN EN 840 стандардите.

Ова е само една мала потврда дека тркалата на BS Rollen се најдобри. Тоа не мотивира да продолжиме да ги нудиме истите тркала и во иднина на Македонскиот пазар, и да стоиме цврсто позади секој понуден производ со гарантиран квалитет и безбедност.

 

 

header-FHD.jpg
октомври 15, 2018

by fortuna

Ви ја претставуваме новата шуплива бургија Fischer FHD.

Предности:

  • Дупчење и чистење на дупката во само еден чекор заштедува многу време при инсталација на хемиски и механички анкери. Заштедува дури 55% од времето потребно за целиот процес.
  • Шупливата бургија ја чисти дупката ефикасно со што овозможува т.е. гарантира безбедно прицврстување на анкерот во истата. Како што знаете, правта во дупките ги намалува перформансите на анкерите.
  • Намалувањето на прав при дупчењето ја намалува фрикцијата со што се намалува и можноста бургијата да заглави или закочи во процесот на дупчење.
  • Непосредната екстракција на прашината овозможува чиста и здрава работна средина за Вас, вредните работници.
Header-1220x475.jpg
јули 4, 2018

by fortuna

Нова генерација на бургијата која е експерт за најдобри перформанси во армиран бетон

Бургиите веќе ги имаме на залиха, контактирајте не за повеќе информации околу цените и испораката. Проверете зошто е Fischer Quattric е омилен избор на градежните компании во Македонија.

a442-212_zm-e1522270916529.jpg
март 28, 2018

by fortuna

fischer DUOPOWER

Eдноставно интелигентна, комбинацијата од две компоненти за подобри перформанси во сите градежни материјали.

 

Преглед на предностите:
  • 2 компоненти од различен материјал, за уште поголема апликација и носивости во цврсти и шупливи градежни материјали
  • Интелигентна само-активирачка функционалност во зависност од субстратот, за широка палета на употреба
  • Најдобар можен фидбек односно повратна информација (feel-good фактор) на типлата. Точно можете да осетите кога типлата е монтирана перфектно
  • Без ротација на типлата во дупката за време на инсталацијата, благодарејќи на изразената протекција од ротација
  • Мазниот почетен отвор во внатрешноста на типлата овозможува лесна активација од страна на завртката и перфектно навлегување во каналот од типлата
  • Долгите верзии имаат дополнителен загриз во проблематични градежни материјали

Инсталација со пред-инсталација:

Инсталација преку материјалот:

Инсталација во перфорирана цигла:

Инсталација во плочест материјал:

Доколку до сега не сте ја пробале оваа типла, за повеќе информации како и бесплатни примероци, јавете се во нашиот оддел за продажба на 02 3 175-174.

henkel_adhesives_limitless_407387_web_606W.jpg
март 1, 2018

by fortuna

ВИ ПРЕТСТАВУВАМЕ: ЛЕПЕЊЕ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА

LOCTITE Структурни лепаци за општа намена

Толку снажни, сестрани и издржливи такашто можностите за лепење се неограничени.

LOCTITE структурните лепаци за општа намена, базирани на хибридна технологија на лепење, претставуваат иновација во областа на структурното лепење. Дизајнирани се така да можат да ги задоволат се поголемите барања на индустрискиот дизајн и одржување со:

  • Врвни карактеристики кај структурното лепење
  • Лепење на огромен број материјали
  • структурно лепење на различни материјали одеднаш
  • структурни лепаци со ниско ниво на штетност за околината и човекот

Колку се снажни LOCTITE структурните лепаци? 

Доволно снажни да со 3 гр. лепак, после 1 час стврнување, можете да повлечете цел теретен воз! Погледнете го видеото:

 

csm_schwerlastrollen-n-serie_50801c4b91.jpg
март 1, 2018

by fortuna

Уште еднаш компанијата BS Rollen покажува зошто се меѓу најдобрите во Европа кога станува збор за транспортни тркала. N Серијата се одликува со тројно прицврстена глава на вилушката која пак е затворена со заптивен гумен прстен за да не се дозволи прав или вода да навлезе во лагерите на главата. Со тоа се осигурува долготрајност при користење на овие тркала.

Вилушката сама по себе има врвен дизајн и произведена е од поцинкуван-хроматизиран челик. Двојни топчести лагери во главата се задолжени за добрата вртливост на тркалата. Во зависност од подлогата, можен е избор на тркала со гумена, полиуретанска или еластична обвивка. Се со цел да се оптимизира вртливоста и подвижноста на самото тркало.

Тркалата се достапни во Фортуна Мк со дијаметар од 80мм до 250мм, со носивост на едно тркало од околу 600 кг.

Ова е тркало со огромни носивости и за сите сезони. За повеќе информации обратете се кај нашите комерцијалисти.

Локација

Каде да не најдете




Контакт

Информации за нашата компанија

Лазар Поптрајков бб, 1000 Скопје, Македонија

Тел: 02 3 175 174

Факс: 02 3 175 511

Работно Време

Пон-Пет: 07:30 – 15:30

Сабота: 09:00 – 14:00

Facebook
Контакт Формулар

Пратете ни порака

Име (неопходно)

Електронска пошта (неопходно)

Порака

[recaptcha]