Завртки и Навртки

Сите видови сврзувачки елементи на залиха.
Завртки, навртки, подлошки, расцепки, зегери, нитни и поп нитни, заковки и др.
Бренд:

Norm Civata


Еден од врвните брендовие и главни добавувачи кои ги застапуваме на нашиот пазар е компанијата NORM Civata. Основана во Измир, Турција во 1973 година, Norm Civata започнала со производство на завртки т.е. шрафови со една машина. Благодарејќи на врвните достигнувања во овој сектор, новата и модерна фабрика која е во оператива денес е изградена во 1994 година во индустриската зона Izmir Ataturk. Патувањето кое започнало со една машина денес претставува соединување на неколку компании под една група.



Норм Групацијата минатата година произведе повеќе од 90.000 тони и успеа да го зголеми своето производство повеќе од 4 пати во последните 10 години. Со тоа, оваа групација се најде на листата на „најбрзо растечки компании во Турција“.

Денес, оваа компанија припаѓа во одбрано друштво на “500 најголеми компании во Турција“ и продолжува со своите операции на површина од повеќе од 100 илјади квадратни метри на 9 локации низ цела Турција и над од 1.800 вработени.
Norm продолжува да биде лидер во индустријата со фокусирање на супериорниот квалитет и широкиот асортиман на производи, а Фортуна МК ја има честа да биде дистрибутер за македонскиот пазар.




Како ќерка фирма на NORM FASTENERS, во 1982 година е формирана компанијата STD – STANDART CIVATA која има цел да одговори на потребите на интернационалниот пазар за производи за кои NORM е едноставно преголем за производство. Денес, STD прерасна во лидер на Европскиот пазар во трговијата со сврзувачки елементи. Со своите магацини, оваа фирма зафаќа површина од 21.000м2 преку кои го снабдува поголемиот дел од Европскиот пазар како и делови од Африка и Азија.




Најновата фирма во групацијата на NORM е компанијата MS VIDA која се занимава со производство на најразлични завртки и навртки како (саморезни, хол, салонит и други завртки) како квалитетен одговор на се повеќе присутните азиски производи кои се со лош квалитет. Идеjата е да се постигне далеку подобар квалитет по оптимална цена.

Во ФОРТУНА МК можете да се снабдите со најразлични сврзувачки производи како

МАШИНСКИ ЗАВРТКИ: DIN931, DIN933, DIN84, DIN85, DIN960, DIN961, DIN963, DIN964…..
ИМБУС ЗАВРТКИ: DIN912, DIN913, DIN914, DIN7991…..
КОНСТРУКТИВНИ ЗАВРТКИ: DIN6914, DIN960, DIN961, DIN7990…..
НАВРТКИ: DIN934, DIN935, DIN936, DIN980, DIN985, DIN6915, DIN986……
ПОДЛОШКИ: DIN125, DIN127, DIN9021, DIN6797, DIN6798…..
ЗАВРТКИ ЗА ДРВО: DIN7505, DIN571, DIN603…..
ЗАВРТКИ ЗА ЛИМ: DIN7504K, DIN7504N, DIN7504P, DIN7971, DIN7972, DIN7976, DIN7981, DIN7982…..
ОСИГУРАЧИ: DIN471, DIN472, DIN6799…..
РАСЦЕПКИ И ЧИВИИ: DIN94, DIN1481…..
НИТНИ: DIN660, DIN661, DIN7338…..
ЗАВРТКИ ЗА ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Сите видови….
ЗАВРТКИ ПО ЦРТЕЖ: Можно производство на сите видови специјални завртки и навртки по цртеж.



Производи

Локација

Каде да не најдете




Контакт

Информации за нашата компанија

Лазар Поптрајков бб, 1000 Скопје, Македонија

Тел: 02 3 175 174

Факс: 02 3 175 511

Работно Време

Пон-Пет: 07:30 – 15:30

Сабота: 09:00 – 14:00

Facebook
Контакт Формулар

Пратете ни порака

Име (неопходно)

Електронска пошта (неопходно)

Порака