Секогаш брза испорака до Вашиот објект или магацин.
Контакт Комерција
Нашите комерцијалисти ви стојат на располагање во секое време на 02 3 175 174
Категории на производи
Сврзувачки Елементи
Нашата широка палета на сврзувачки елементи вклучува завртки, навртки, подлошки, навојни вретена, нитни, расцепки и останата шрафовска стока. Застапуваме исклучиво докажани брендови како Norm/STD Civata и Cetin Civata од Турција. Едни од најголемите произведувачи на шрафови во Европа.
Повеќе од 60 години Fischer Типли и Анкери – Формиран во 1958 година, Fischer брендот е синоним за безбедни, иновативни и софистицирани технички решенија за прицврстување. Поставување нови стандарди во прицврстувањето е дел од фишеровата традиција.
Безбедни, ефикасни и квалитетни брусни плочи и абразиви од компанијата KARBOSAN која е пионир во абразивната индустрија во Турција. Ги развива и усовршува своите процеси и технологии на производство уште од 1967 година.
Wiha е еден од водечките произведувачи на рачен алат за професионална употреба во трговијата и индустријата ширум светот. Цела низа награди се доказ дека Wiha ги поставува стандардите кога се однесува до функционалност, дизајн и квалитет во областа на рачен алат. Фортуна Мк е застапник за Wiha во Македонија.
BOSCH Power Tools одделението од групацијата BOSCH е светски лидер во областа на електричен алат и прибор за електричен алат. Во Фортуна Мк можете да најдете комплетен професионален асортиман на Bosch брусилки, бормашини, чекани (хилти), акумулаторски одвртувачи и друго.
Loctite – Најдобрите лепаци и заптивни маси од најголемиот бренд за индустрија и одржување. Фортуна Мк е вашиот вистински избор кога Ви имате потреби од индустриски лепаци, спрееви и заптивни маси.
BS Rollen, компанија од Remscheid, Германија специјализирана за сите видови транспортни тркала и ролери за индустријата. Фортуна Мк е горд партнер и екслузивен застапинк за овие квалитетни тркала на Македонскиот пазар.
KRINO е горда на својата интернационална препознатливост како резултат на квалитетот на произведените бурги и резен алат. Компанијата е формирана во 1982 во градот Монтевекиа, северно од Милано, Италија и е присутна на Македонскиот пазар преку својот партнер Фортуна Мк.