Успехот на FLEX професионалните алати е базиран на иновации. Така било и во 1922 година кога FLEX за прв пат измислиле рачен електричен алат движен со помош на електричен мотор со кардан. Ништо не се променило во 1954, кога е за прв пат измислена првата брусилка со висока брзина па затоа денес терминот FLEX е синоним за брусење.
За да ги направат брусилките уште по сигурни, ефективни и пристапни, голема енергија е посветена на нивно усовршување. Во 1997, FLEX е првиот произведувач на електрични алати кој воведе брусилка за плафони и ѕидови со долг врат наречена FLEX – Giraffe. Затоа терминот жирафа е денес општоприфатен за овој тип на машина.