Еден од врвните брендовие и главни добавувачи кои ги застапуваме на нашиот пазар е компанијата NORM Civata. Основана во Измир, Турција во 1973 година, Norm Civata започнала со производство на завртки т.е. шрафови со една машина. Благодарејќи на врвните достигнувања во овој сектор, новата и модерна фабрика која е во оператива денес е изградена во 1994 година во индустриската зона Izmir Ataturk. Патувањето кое започнало со една машина денес претставува соединување на неколку компании под една група.
Норм Групацијата минатата година произведе повеќе од 90.000 тони и успеа да го зголеми своето производство повеќе од 4 пати во последните 10 години. Со тоа, оваа групација се најде на листата на „најбрзо растечки компании во Турција“.
Денес, оваа компанија припаѓа во одбрано друштво на “500 најголеми компании во Турција“ и продолжува со своите операции на површина од повеќе од 100 илјади квадратни метри на 9 локации низ цела Турција и над од 1.800 вработени.
Norm продолжува да биде лидер во индустријата со фокусирање на супериорниот квалитет и широкиот асортиман на производи, а Фортуна МК ја има честа да биде дистрибутер за македонскиот пазар.