
Ви ја претставуваме новата шуплива бургија Fischer FHD.
Предности:
- Дупчење и чистење на дупката во само еден чекор заштедува многу време при инсталација на хемиски и механички анкери. Заштедува дури 55% од времето потребно за целиот процес.
- Шупливата бургија ја чисти дупката ефикасно со што овозможува т.е. гарантира безбедно прицврстување на анкерот во истата. Како што знаете, правта во дупките ги намалува перформансите на анкерите.
- Намалувањето на прав при дупчењето ја намалува фрикцијата со што се намалува и можноста бургијата да заглави или закочи во процесот на дупчење.
- Непосредната екстракција на прашината овозможува чиста и здрава работна средина за Вас, вредните работници.