Компанијата KARBOSAN е пионир во абразивната индустрија во Турција, уште од 1967 година ги развива и усовршува своите процеси и технологии за производство на абразиви. Почетокот го означила фабрика од 9.000 м2 со 40 работници во Halkali, Istanbul.
Денес, со две фабрики од преку 50.000 м2 и 1000 вработени, KARBOSAN е еден од најголемите производители на абразиви во светот. Успехот на оваа компанија се должи на нивните одлични одговори на сите барања на клиентите на сите континенти ширум светот. Karbosan извезува абразиви на 5 континенти и во повеќе од 50 земји.
Karbosan е активен член на F.E.P.A. (Федерација на Европски Производители на Абразиви) како и престижен член на OSA (Организација за Безбедност на Абразивите). И двете организации се грижат за унапредување и усовршување на безбедноста и квалитетот во користењето на абразиви како и имплементација на европските и интернационалните стандарди EN и ISO.
Во својот производен програм, Karbosan има развиено абразиви и дискови за сечење и брусење на сите видови материјали од челик, гус, алуминиум, инокс, камен, гранит, мермер, керамика, дрво, пвц, бетон, и др.