Формирана во 1992, Фортуна е една од првите фирми во Македонија кои се занимаваат со трговија на сврзувачки елементи (штрафови). Почнувајќи од основните завртки и навртки полека но сигурно продажната програма се прошири на разни сврзувачки елементи како типли и анкери, бургии и резен алат, абразиви и брусни плочи, рачен и електричен алат, тркала, лепаци и заптивни маси, мерни инструменти и др…
Денес, Фортуна МК е една од водечките компании во оваа област со повеќе од 10 вработени и развиена мрежа на дистрибутери низ целата држава. Ги опслужуваме индустријата и градежништвото со разни производи а брендовите кои ексклузивно ги застапуваме се исклучиво од Европа со докажан квалитет на интернационално ниво и најдобар сооднос цена – квалитет на производите.