
Новите работни светла од Wiha ја осветлуваат иднината
Мултифункционалната светилка од Wiha уживаше одличен успех уште од претставувањето па до денес. Надоградувајќи го ова, Wiha сега претстави 4 нови решенија за работни светла кои се држат до рецептот: Максимум бенефит во компактна големина. Кога темните работни услови го отежнуваат работењето на професионалците, овие 4 производи ќе обезбедат светлина дури и кога нема струја на објектот. Комплетно батериски решенија и секое од нив има подесиво ниво на светлина и различни модови. Робусни секојдневни компањони на градилиштето.
Компактната бежична светилка за градилиште со 3.000 лумени е дизајнирана за осветлување поголеми простории. Рефлекторот има моќно COB LED светло кое може да се подеси на три различни нивоа светлина со едно притискање на копчето. Јак држач со магнет на основата како и ротирачка 360 степени кука за закачување обезбедуваат флексибилни опции за поставување. Осветлува и до 13 часа и дисплејот означува преостанато ниво на батерија. Додека се полни светилката може да работи со најмалку 80% од максималното ниво на светлина.










Поголемата рачна светилка нуди јака фронтална илуминација со 1200 лумени и on/off сензор. Комбинацијата од COB LED и SMD LED интегрирана на врвот овозможува опции за одбирање четири модови со едноставно притискање на копчето. Благодарејќи на практичната димминг опција, јачината на светлината може да се подесува според средината со притискање и држење на копчето. Специјална функција е вградениот сензор кој автоматски ја исклучува батеријата кога светилката е превртена или сензорот е покриен. Кога ќе ја земете пак во рака, таа продолжува да свети. Ова овозможува ефикасна работа но и зачувување на енергијата. Јак магнет одоздола како и штипка за појас овозможуваат оваа светилка да се прикачи на различни начини. Траење на батеријата и до 10 часа.









Изненадувачки е колку светло може да блесне од помалата, мини, 800 лумени рачна светилка. COB LED светлото може да се стави на 60, 100, 500 или 800 лумени со едноставно притискање на копчето. Има и SMD LED светло со 150 лумени на врвот на светилката. Благодарејќи на минималниот дизајн, оваа светилка е лесна и компактна и може да се носи на било која мајца или во било кој џеб правејќи ја идеална за тесни и мали простории. Два јаки магнети позади и доле како и штипка за каиш ќе се погрижат да работите хендс фри. Светлото може да свети и од 11 часа на овој модел.








Челната лампа со 500 лумени и сензор за движење овозможува видливост во склад со погледот. Овој модел исто така има различни модови со две бои. Да осветлите темни работни простории, дневното 6500К светло од SMD LED светилката може да се намести на 140 или 350 лумени. Но доколку индивидуалните бои треба да се разграничите и одвоите доволно добро како на пример во ормар со различни бои на кабли, тогаш неутралната бела светлина од COB LED светлото со 4000К е идеална подршка. И ова светло може да се намести на 140 или 350 лумени. Заедно, двете светла обезбедуваат 500 лумени. Диминг функцијата може да се подеси со притискање и држење на копчето а обезбедува флексибилност и ефикасност. Вградениот сензор на движење овозможува вклучување и исклучување на светилката без допирање (само со движење на раката пред неа). Овој модел може да свети до 10 часа.








