Фортуна Мк Доо се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на купувачот од веб страницата www.fortuna.mk и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на личните податоци и други позитивни прописи од оваа област кои се на сила во Република Северна Македонија.
При посетата на www.fortuna.mk, Фортуна Мк Доо не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации,
Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители и купувачи на веб страницата www.fortuna.mk.
Фортуна Мк Доо ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да се спречи загуба, кражба и/или злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување на истите. Фортуна Мк Доо користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на www.fortuna.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. Фортуна Мк Доо во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.
Оние податоци кои се сметаат за лични (име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и сл.), Фортуна Мк Доо ќе ги користи во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија. Фортуна Мк Доо нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Фортуна Мк Доо не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.
Фортуна Мк Доо има право да собира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на www.fortuna.mk.
За дополнителни информации, или за остварување на правата за заштита на личните податоци, може да го контактирате задолженото лице за заштита на личните податоци Ненад Илиќ на nenad[at]fortuna.mk или на 02 3175 174.