По направената онлајн нарачка на производите, Вашите податоци (Име и Презиме, Адреса, Телефонски број, Количина, и вид на производ) влегуваат во нашиот систем, нарачката се припрема во нашиот магацин и истата се испраќа до компанијата која ја врши дистрибуцијата (Карго Експрес или слично).
Доставата на нарачаните производи се врши на адресата која е наведена од страна на купувачот при самата порачка. Доколку компанијата дистрибутер не успее да ве пронајде на адресата која сте ја навеле, ќе бидете исконтактирани по телефон на бројот кој сте го оставиле при креирањето на нарачката и ќе можете да договорите нов термин и адреса на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде, пратката ќе биде вратена во Фортуна Мк Доо. Откако пратката ќе биде вратена, ќе бидете исконтактирани за причината за неподигање на нарачката, со можност за повторен договор за испорака.
Со цел да се упрости и олесни процедурата за достава на производот, обезбедете лице кое ќе биде присутно за примање/ подигнување на нарачката на адресата која сте ја навеле при online нарачката. Доколку има било какво доцнење со испораката од страна на курирската служба, Фортуна Мк Доо не превзема никаква одговорност.
При преземање на производите купувачот е должен да ја провери точната бројка на доставени производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и квалитативен прием). Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, купувачот истата до продавачот треба да ја пријави веднаш на 02 3175-174. Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.
Обработката на нарачките и подготовката на производите за достава се врши во рамки на работното време на Фортуна Мк Доо (пон-пет од 07:30-15:30 ч.). Сите достави се вршат само во градови и населени места во Република Северна Македонија.
Од моментот на нарачка, утврдениот рок на испорака е најдоцна до 7 работни дена (најчесто времето на испорака изнесува 3 работни дена).
Трошоците за достава на производите зависат од сумата на нарачката. За поединечни нарачки со сума повисока од 1.500 денари доставата е бесплатна. За нарачки под 1.500 денари, доставата ја плаќа купувачот и таа чини 160 денари. Цените важат за градовите низ целата држава.
ВРАЌАЊЕ НА СРЕДСТВА ИЛИ ЗАМЕНА
Фортуна Мк Доо овозможува поврат на средства или замена на производите кои се купени и платени од е-продавницата www.fortuna.mk, под долунаведените услови:
Откако курирот ќе ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, побарајте не` на телефонскиот број +389 2 3175 174 или испратете ни e-mail со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата fortunamk.itd@gmail.com со наслов „Поврат на средства“, и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Контактирајте не најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Во најкраток можен рок, некој од нашиот тим ќе ве извести за понатамошната постапка.
Производот може да го вратите или замените во рок од 7 дена од денот на направената нарачка. Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, запакуван во неговата оригинална амбалажа, придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле заедно со производот (фискална сметка/ фактура). Така подготвен и запакуван, на сопствен трошок, можете да го вратите производот во Фортуна Мк Доо на адреса: Лазар Поптрајков бб. Без фискална сметка, не вршиме враќање на средства или замена согласно законите.
Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура или фискална сметка во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција.
По приемот на рекламираниот производот проверуваме дали производот е оштетен или користен, а потоа ви испраќаме соодветна замена. Враќање на средства на купувачот, без оглед на причината за враќање, online продавницата www.fortuna.mk има обврска да го изврши исклучиво на трансакциската сметка која гласи на име на нарачателот, односно, корисникот на картичката со која било извршено плаќањето , односно на лицето на чие име била изготвена фактурата.