Фокусирани на квалитет, клиентска ориентираност, одличен сооднос на цена и квалитет се само некои од основните принципи на Sonnenflex како компанија уште од самиот почеток. Онсовани во 1959 година, Sonnenflex брендот е успешен на пазарот и прерасна во водечки бренд во светот на абразивите.
Производи со докажан квалитет за разни примени и апликации нудат можности за задоволување на константно растечката побарувачка на пазарот. Високиот степен на флексибилност во производството, комбиниран со целосната ориентираност кон клиентот го прават Sonnenflex силен партнер на секој оној кој има потреба од абразиви и брусни плочи.По потпишување на договор за ексклузивна соработка, горди сме да ви го претставиме брендот Sonnenflex во Македонија.


Реномирани клиенти од индустријата како и трговијата на големо и мало во секторот за алати го ценат нашиот асортиман на глобално ниво.
• Дискови за сечење, брусни плочи, флап дискови
• Дијамантски дискови за сечење
• Алати за чистење и полирање
• Технички четки
• Турпии
Sonnenflex производите се сертифицирани според последните европски стандарди за безбедност.