6.726,00 ден
Немате струја на градилиште? Знаеме дека тоа е секојдневие за професионалците, но имаме решение од Wiha. Батериска LED челна лампа со светлина до 500 лумени. Лампата е опремена со две LED светла. Првото, SMD-LED може да свети 140 лумени (1 притискање) или 350 лумени (две притискања). Дневното бело светло на SMD-LED сијалицата е 6500К, идеално за осветлување многу темни средини. Моќното COB-LED светло со 2 нивоа на светлина, три притискања – 140 лумени, четири притискања 350 лумени обезбедуваат неутрална светлина од 4000К. Долнително, заедно SMD-LED и COB-LED светилките обезбедуваат светлина од 500 лумени (5 притискања). Сензорот за движење овозможува со лесно замавнување со раката пред лампата да ја вклучувате и исклучувате истата. Благодарејќи на алуминиумското куќиште, оваа компактна лампа е отпорна на удар (IK07) у водоотпорна (X6). Батеријата трае до 10 часа со едно полнење. Полнење со усб-ц кабел. Димензии: 94x 75 x 46 mm. Гаранција 24 месеци.