
Главни Карактеристики:
- Kарактеристичниот прстен на самиот анкер на кој се потпира експанзиониот црн прстен држи дури и во случаеви на контакт со арматура, со тоа осигурува безбедна инсталација.
- Интеракцијата помеѓу конусот и експанзиониот клип т.е. прстен значајно го зголемува капацитетот на носивост и овозможува многу помало како оскино така и ивично растојание на монтажа.
- Избор на нормална подлошка, широка GS подлошка или HBS подлошка која е во согласност со стандардот DIN1052 за дрвени конструкции…
- Испакнатиот пин ја заштитува главата од оштетување при инсталација.
Предности:
- Со новото ЕТА оценување за Опција 1 (горна зона и напукнат бетон), носивостите на извлекување се зголемени за 10% додека носивостите на смолкнување дури 17%. Тоа овозможува користење помалку и/или помали анкери при прицврстувањето на конструкцијата.
- Минималната длабочина на анкерисување овозможува пократко бушење, а со тоа и побрза инсталација и помалку проблеми со арматурата при монтажа.
- Новата украсна матица, не само што овозможува подобар оптички изглед туку и осигурува лесна монтажа.
- FAZ II 6: Првиот анкер штраф со дијаметар 6мм со ЕТА атест за Опција 1 во светот. За безбедно и сигурно прицврстување.
Ново: Вариабилни длабочини
Овозможува прецизна адаптација на силите на носивост (М8-М16).
- Максимална носивост со максимална вградлива длабочина (60мм) за FAZ II 10 A4 = максимална носивост при извлекување од 6.2 kN и при смолкнување од 15.1 kN.
- Брза инсталација благодарејќи на минималните вградливи длабочини, односно за FAZ II 10 A4 изнесува 40mm = дозволена носивост при извлекување 4.3 kN и при смолкнување 11.3 kN.