BS Rollen

logo_bs-rollenslogan_image_cmyk-e1539934996944.jpg
октомври 19, 2018

by nenad

BS Rollen работи единствено за и со квалитет. Не само за да се каже туку квалитетот е навистина дел од мисијата на компанијата. Ниту еден чекор не смее да се пропушти во работењето што може да го загрози квалитетот на производите или делувањето на било кој начин.

Токму затоа, врвен приоритет се дава на квалитетот. Планирање, употреба на квалитетни суровини и современа технологија како и врвни вештини од страна на вработените се аплицирани во производството како би го направиле најдобриот производ за секој тип на употреба. Не се штеди ниту енергија ниту средства да се вгради а потоа и докаже квалитетот на производите.

Во однос на процесите за делување, BS Rollen е сертифицирана компанија со DIN ISO 9001:2000. Што се однесува до квалитетот на производите, Bielefield Универзитетот за Применети Науки од Германија е институцијата која е технички релевантна да го испитува квалитетот на производите според DIN EN 15227 па се до DIN EN 15233. Овој Универзитет исто така ги спроведува и тестирањата во согласност со DIN EN 1004 и DIN EN 840 стандардите.

Ова е само една мала потврда дека тркалата на BS Rollen се најдобри. Тоа не мотивира да продолжиме да ги нудиме истите тркала и во иднина на Македонскиот пазар, и да стоиме цврсто позади секој понуден производ со гарантиран квалитет и безбедност.

 

 

csm_schwerlastrollen-n-serie_50801c4b91.jpg
март 1, 2018

by nenad

Уште еднаш компанијата BS Rollen покажува зошто се меѓу најдобрите во Европа кога станува збор за транспортни тркала. N Серијата се одликува со тројно прицврстена глава на вилушката која пак е затворена со заптивен гумен прстен за да не се дозволи прав или вода да навлезе во лагерите на главата. Со тоа се осигурува долготрајност при користење на овие тркала.

Вилушката сама по себе има врвен дизајн и произведена е од поцинкуван-хроматизиран челик. Двојни топчести лагери во главата се задолжени за добрата вртливост на тркалата. Во зависност од подлогата, можен е избор на тркала со гумена, полиуретанска или еластична обвивка. Се со цел да се оптимизира вртливоста и подвижноста на самото тркало.

Тркалата се достапни во Фортуна Мк со дијаметар од 80мм до 250мм, со носивост на едно тркало од околу 600 кг.

Ова е тркало со огромни носивости и за сите сезони. За повеќе информации обратете се кај нашите комерцијалисти.

Локација

Каде да не најдете




Контакт

Информации за нашата компанија

Лазар Поптрајков бб, 1000 Скопје, Македонија

Тел: 02 3 175 174

Факс: 02 3 175 511

Работно Време

Пон-Пет: 07:30 – 15:30

Сабота: 09:00 – 14:00

Facebook
Контакт Формулар

Пратете ни порака

Име (неопходно)

Електронска пошта (неопходно)

Порака