
Ви ја претставуваме акумулаторската брусилка L 125 18.0 EC со мотор без четкици. Овој модел кој ја има најмодерната технологија во светот на аку-алатите е достапен во Фортуна Мк во сет со L-Boxx, 2 батерии од 5.0Ah и ултра брз полнач.
Оваа брусилка е создадена за професионално брусење и сечење, без разлика дали е тоа во работилница, на градилиште или во сервис. Со 18.0 Volt EC мотор без четкици, има брзина од 8.500 вртежи во минута. Во исто време, лесна е за ракување и држење со помош на меката рачка.
Значителни заштитни функции
Поради високите перформанси, оваа брусилка од FLEX доаѓа со бројни контролни и безбедносни функции. Од интелигентниот “electronic menagement system” па се до батериите со патентираната “keep cool” технологија со интегрирана заштита од прегревање и празнење на батериите. Функциите како заштита од рестартиња осигурува безбедност за време на ракувањето. Дополнително, мекиот старт подржува контролирана работа која е добра и за работникот и за материјалот. Рачката може да се монтира лево и десно, зависно од корисникот и местото за работа. Заштитнотниот метален прозорец дополнително го заштитува моторот од прашина.
Галерија: (користете ги стрелките за да ги видите сите слики)













